Прилепската полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П.(41), М.А.(35) и У.П.(38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” и против М.К.(44) и В.Т.(44) од Прилеп за сторено кривично дело „помагање”.

Како што велат од СВР Битола на 25 декември околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило Форд Фиеста.

-Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот исто така им помагал со прикривање на возилото Форд Фиеста и друга логистика. М.К. и В.Т се приведени – велат од СВР Битола.

Ка.М.