Триесет и шест романи се пријавени на 20-тиот конкурс за наградата „Роман на годината 2018“, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Според жирито, во состав: Фросина Пармаковска – претседателка на жирито и минатогодишна лауреатка на наградата, Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, романескната продукција годинава се одликува не само по обем, туку и по квалитет.
Фондацијата ќе го соопшти годинашниот добитник најдоцна до 15 март до кога жирито ќе направи неколку селекции на романите. Наградата е единствена и неделива и се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и статуетка.
Во конкуренција за „Роман на годината 2018“ се пријавени:
- „Девици и волци“, Александар Алексов, самостојно издание
- „Страв од варвари“, Петар Андоновски, „Или-или“
- „Пеколот од детството“, Атанас Бојаровски, самостојно издание
- „Втор откос“, Дејан Величковски, „ПНВ Публикации“
- „Тажна приказна за среќни луѓе“, Андреј Волкашин, „Антолог“
- „Последното име на иднината“, Живко Грозданоски, „Антолог“
- „Глобалните ѕвезди на небото“, Јован Дамјановски, „Напредок“ – Тетово
- „Благослов или проклетство“, Јован Дамјановски, „Меѓународен центар за славјанска просвета“ – Свети Николe
- „Пинокио и вештерката“, Наташа Димитриевскa, „Или-или“
- „Карангел Бруснички“, Илко Димитриески, самостојно издание
- „Разголена душа“, Марта Димитров, „Ѓурѓа“
- „Златниот часовник што го запре времето“, Константин Дораковски, „Кондор“
- „Барутни облаци“, Бранислав Ѓорѓевски, „Академски печат“
- „Суденик“, Гојко Ефтоски, „Фи-Га“ – Тетово
- „Лидија, или се што знам за жените“, Тихомир Јанчовски, самостојно издание
- „Заробеник во сопствениот живот“, Катарина Јовчевска,„Академски печат“
- „Пливање спротиводно“, Ненад Јолдески, „Или-или“
- „Послушен брод што плови“, Ирена Јорданова, „Или -или“
- „Земја на бегалци“, Кица Колбе, „Или -или“
- „Неизгубливи нешта“, Никола Кочовски, „Култура“
- „Еретички писма“, Стефан Марковски, „Три“
- „Сага за тројство“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“
- „Меѓу чаршијата и црквата“, Димитар Пандев, „ПНВ Публикации“
- „Последниот воз за Загреб“, Владимир Попов, „Култура“
- „Небото над реката Чарлс“, Катерина Серафимовска, „Култура“
- „Марика и стравот“, Емилија Славковска, „Македоника литера“
- „Ирис на фортуната“, Цвета Спасикова, „Дата песнопој“- Битола
- „Утеха за голите“, Давор Стојановски, „Или – или“
- „Овде или во вечноста“?, Билјана Tинтоска, „Матица македонска“
- „Души близнаци 11:11“, Весна Здравковска Трајковска, самостојно издание
- „До дваесеттата“, Добре Тодоровски, „Матица“
- „Бојана на Тодор“, Божана Тренческа, Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип
- „Маџун“, Влада Урошевиќ, „Магор“
- „Луѓе без минато“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
- „101 живот“, Весна Мојсова-Чепишевска, Елена Атанасиу, „Матица македонска“
- „Некој бил тука“, Николина Андова Шопова, „Темплум“
Фондацијата информира дека од утре извадоци од романите ќе се објавуваат на сајтот okno.mk.