Во Полициска станица во Гевгелија вчера на пладне С.П. (46) од истоимениот град пријавил дека во куќа на улица „Маршал Тито“ го пронашол починат С.М. (44) од Гевгелија, соопшти денеска СВР Струмица.
Починатиот таму живеел сам, а на неговото тело немало траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
За една недела ова е втор случај на пронаоѓање починат маж во Гевгелија. На 18 овој месец полицијата информираше дека е пронајден починат маж на 57 годишнна возраст без траги на насилство.