Голманот на лондонски Арсенал Петр Чех најави дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона. 36-годишниот поранешен репрезентативец на Чешка, кој за Арсенал потпиша во 2015 година, по преоѓањето од градскиот ривал Челси каде настапуваше 11 години, потврди дека во мај оваа година ќе ја заврши богатата кариера.
– Со тоа што играм 15 години во Премиер лигата и ги имам освоено сите можни трофеи, се чувствувам дека остварив се што посакав да остварам во кариерата. Ќе продолжам напорно да работам до крајот на сезоната во Арсенал и се надевам дека ќе успеам да освојам некој трофеј и оваа сезона – истакна искусниот Чех, кој оваа сезона го загуби првотимскиот статус од германецот Бернд Лено.
Чех дополнително за медиумите изјави дека ова му е 20-та сезона како професионален играч и дека лично чувствува дека ова е вистинското време за тој да најави дека ќе ја заврши долгата и успешна кариера.
Иако во 2006 година Петр Чех имаше тешка фрактура на черепот по судир со противнички играч и неговата кариера беше ставена под знак прашалник, тој по повредата се врати на фудбалските терени и се етаблираше како еден од најдобрите голмани кој настапувал во англиската Премиер лига.
Искусниот чувар на мрежата освои 13 трофеи додека настапуваше за Челзи, вклучувајќи една титула во Лигата на шамионите, а четри пати беше шампион во англиската Премиер лига. Во сите натпреварувања за клубот од „Стенфорд Бриџ“, Чех остана несовладан на рекордни 228 натпревари.