Анкета на „Нова Македонија“
Прикажувањето на биографскиот филм за српскиот пејач Тома Здравковиќ на Драган Бјелогрлиќ, во саботата на МРТВ, привлече големо внимание на социјалните мрежи, отворајќи го прашањето за кој македонски пејач(ка) би можело да се сними такво филмско остварување.
Најчесто се спомнува името на Тоше Проески, но и на други славни пејачи и пејачки кои веќе не се меѓу живите, како што се Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Јонче Христовски, Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски… Некои, пак, сметаат дека би можел да се сними филм за пејачот Сашо Каимовски – Панки од дуото „Куку Леле“ или за познатиот шоумен Игор Џамбазов.
Предлозите во анкетата се дадени според вашите коментари на социјалните мрежи, а доколку сметате дека некој друг пејач заслужува екранизација на неговиот живот и кариера слободно пишете ни.
*Анкетата не е научна основа