Македонскиот пејач Вито Славевски ја претстави својата најнова авторска песна „Полноќна“, со која овој пат прави исчекор кон поинаков музички правец од оној по кој досега беше препознатлив.
За разлика од неговите претходни авторски остварувања, кои се карактеризираа со побрз ритам и влијанија од рок, фанк, па дури и етномузиката, „Полноќна“ е романтична поп-балада што носи поемотивен и посуптилен звук.
Музиката за песната е дело на Милан Стефаноски, текстот го напиша Огнен Неделковски, додека аранжманот го потпишува Марко Дениќ. Со внимателно избалансираната музичка продукција и лириката исполнета со емоции, „Полноќна“ претставува ново поглавје во авторскиот израз на Славевски.
Вито Славевски е артист што се дефинира себеси како рок изведувач, но македонската публика добро го познава и како интерпретатор што успешно се движи низ различни музички жанрови, вклучително и народната музика. Токму таа разновидност му овозможува постојано да експериментира со нови звуци и да ѝ понуди на публиката различни музички приказни.

http://youtube.com/watch?v=tLJPAX-4Q9E&si=-Oxl9T4DWJyUWAyu