Фото: Дом на културата „Иван Мазов Климе“ - Кавадарци

Во големата сала на Македонска филхармонија, во саботата и неделата се оддржа 19-то издание на фестивалот на детска песна „Поточиња 2022“. Според првите реакции на дечињата и нивните родители кои ги проследија шесте изведби, со сигурност можеме да кажеме дека и овојпат и за учесниците и за публиката ова беше прекрасно, разиграно доживување. Како и секоја година, така и оваа, многу забава, игри, песни, дружба и подароци за публиката го одбележаа омилениот фестивал на најмилите.

Детскиот фестивал „Поточиња“ се издвојува во мноштво детски настани со својот концепт и содржина и дава можност децата да поминуваат квалитетно време благодарение на богатите, забавни, а истовремено едукативни и културни содржини.

Годинешното издание е најава и увод за следното кое ќе биде јубилејно 20-то за „Поточиња“.

Инаку, новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб-каналот „Поточиња“.