Вештачката интелигенција (АИ) доживеа невиден бум во последниве години, поради што многумина стравуваат дека во иднина ќе може да врши работи што досега ги извршуваа луѓето. Она што се случува во моментов е отворање на можноста за човечка интеракција со решенија за вештачка интелигенција („јазични модели“), и тоа на импресивно ниво.
Веќе е објавено истражување што покажува дека решенијата со вештачка интелигенција за комуникација/разговор во сите сегменти на мерење имаат повисоко ниво на коефициент на интелигенција од просечниот човек и фасцинантна способност за приспособување.
Во медиумите и на социјалните мрежи секојдневно излегуваат нови информации за решенија што ќе бидат овозможени со вештачка интелигенција, па сега знаеме дека наскоро нашата работа со табелите на Ексел ќе биде многу помалку макотрпна и ќе се отвори свет на нови можности.
Приказните за тоа како ЧетГПТ и слични решенија драстично ќе ги прошират можностите на пребарувачите како „Гугл“ во иднина станаа вообичаени.
Со оглед на тоа колку убаво се изразува ЧетГПТ, сега стана јасно дека наскоро може да бидат загрозени голем број работни места во професиите што живеат од пишаниот збор, или новинарите ќе добијат нов соработник во форма на решение со вештачка интелигенција.
Но револуцијата на вештачката интелигенција наскоро ќе биде многу поширока од пишаниот збор. Во поткаст што е објавен на социјалните мрежи, АИ „глуми“ и новинар и свој стручен соговорник, кои на неверојатен начин дискутираат на научна тема.