Фото: Архива/Златна бубамара

Годинашното, јубилејно 25-то издание на маниефстацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, под мотото „Да живнеме!“ .

Од Штабот на „Златна Бубамара“ најавуваат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба утре точно на пладне преку он-лајн продажба на следниот линк и во цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“.

Традиционално, издаден е и првиот проглас од годишната манифестација.

– Почитувани љубители на добра забава, нормални цени и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само „Златна бубамара“ ви порачува – Дојдете да живнеме!“. По сѐ што поминавме конечно доаѓаат и убави времиња – да се развеселиме, да запаееме и да се насмееме – (сега) конечно можеме да живнеме! Доаѓа настанот што го чекаме две години – 25. јубилејно издание на „Златна Бубамара на попларноста“. Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за „Златна бубамара“ отколку до две шишиња масло за јадење. Наместо да кивнеме-време е да живнеме, бакшишот чувајте го за крај!“ – се вели во прогласот на „Златна бубамара на популарноста“, настан што повторно ќе не насмее, развесели, ќе се доделуваат награди, ќе се пее, ама и ќе нѐ подзамисли.

Според организаторите, подготовките течат, а ќе има и многу изненадувања.