Дарија Пиројенко е уметница за тетоважи од Краснодар во Русија. Таа прави многу необични тетоважи, кои пленат со нејзината креативна комбинација на дела од високата и популарна култура.

На нејзините тетоважи, кои се во вид на колаж, може да се видат многу од познатите личности, меѓу кои Илон Маск, Еминем, Пикачу, Даниел Деј Луис како Бил касапот од филмот „Бандите на Њујорк“, Венера на Ботичели, како и уметнички дела и многу други интересни мотиви од светот на високата и популарна култура.

– Следам само едно правило, тетоважите мора да бидат шарени и светли. Понекогаш луѓето се жалат дека моите тетоважи се премногу светли. Жал ми е, не знам друг начин. И мене понекогаш ми се чини дека претерувам, но само сакам да го направам овој свет посветол – коментира Дарија Пиројенко за нејзиниот необичен стил на тетовирање.