Иако спиењето во текот на ноќта е неопходно за човечкото тело да биде подготвено за секојдневно функционирање, на многу луѓе им се случило да имаат непроспиена ноќ. Но, иако една непроспиена ноќ не изгледа како нешто значајно, може да му наштети на вашето тело.
Според препораките на здравствените организации, возрасните треба да спијат меѓу седум и девет часа навечер, а недостигот од сон може да го зголеми ризикот од многу здравствени проблеми. Меѓутоа, според новите студии, само една непроспиена ноќ може да биде штетна за вашето тело.
Имено, кога ќе поминете повеќе од 18 часа без сон, крвниот притисок ќе почне да ви расте, а тоа го зголемува ризикот од срцев или мозочен удар. Покрај тоа, една непроспиена ноќ може значително да го намали нивото на тестостерон кај мажите.
Докторот Андреј Зинчук вели дека недостигот од сон може да го оштети вашиот мозок и да влијае на тоа како комуницирате со луѓето, а може да предизвика и раздразливост, да го зголеми стресот и да ја намали концентрацијата. Неквалитетниот сон го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес, срцеви заболувања, губење на меморијата и други болести.
Според „Хелтдајрект“, недостигот од сон може да го зголеми нивото на допамин во вашето тело. Иако тоа звучи како добра вест, бидејќи колку подолго останувате будни, толку подобро ќе ви биде расположението, лекарите советуваат воопшто да не го правите тоа. Тие попрво препорачуваат слободното време да го искористите за прошетка или друг вид физичка активност.