Веројатно многумина не знаеле дека „Шанел“ во својата понуда на производи има и чанта за шопинг во форма на кошница од продавница, која чини повеќе од 46 илјади евра. Со овие чанти брендот „Шанел“ планираше да направи пробив и да ја претстави чантата како свое решение за зачувување на планетата. Чантата беше лансирана во 2014 година, а оттогаш нејзината цена се зголемува.
Чантата за пазарење е создадена специјално за одење на шопинг и е приспособена на тоа, па изгледа како кошница од продавница. Меѓутоа, цената на оваа чанта достигна неверојатни 46.588 евра, а првично се нудеше по цена од 8.324 до 11.561 евра – во зависност од големината.
– Купувањето на овој артикл ја продолжува приказната на „Шанел“ за намалување на влијанието врз животната средина со користење нови ресурси, за да можете да бидете сигурни дека правите нешто добро за планетата – стои во описот на чантата.
Чантата за пазарење е изработена од комбинација на кожа и сребро, а нејзината форма е инспирирана од кошницата за пазарење и има две метални рачки на горниот дел.