Сем Рајдер ќе ја претставува Велика Британија на годинашниот избор за песна на „Евровизија“, кој ќе се одржи во мај, во Торино, Италија, бидејќи на минатогодишниот натпревар во Ротердам, Холандија, победи италијанскиот рок-бенд „Манескин“.
Рајдер е еден од најследените пејачи во Велика Британија на Тикток, со 12 милиони обожаватели на апликацијата, а на големото финале ќе ја изведе својата песна „Space Man“.

Последните две години В. Британија на овој престижен избор се пласира на последното место. И покрај тоа, секоја година учествува, бидејќи е дел до големата петорка основачи на „Евровизија“, заедно со Италија, Франција, Германија и Шпанија.
– Го сакам „Евросонг“ и мислам дека е голема привилегија да можам да се натпреварувам. Не сакам да дозволам стигмата или стравот да дојдам на одредено место на масата да ме спречат да направам нешто и да бидам дел од нешто во што толку многу уживам – изјави претставникот на Британија за „Би-би-си радио 1 њусбит“.