Фото: Фејсбук/Виталиј Кличко

Виталиј Кличко , поранешен боксер и актуелен градоначалник на главниот град на Украина, Киев, се разведува од сопругата Наталија Кличко.

– Срцето ми е окупирано само од Киев, како да не го сакам мојот град , особено во овие тешки мигови – изјавил тој.

Кличко и неговата сопруга се венчаа во 1997 година во април, а заедно имаат три деца: два сина, Јегор-Даниел и Максим и ќерката Елизајбета-Викторија.

Сопруга на Виталиј, која наскоро ќе стане бивша, се занимава со хуманитарна работа, а во животот се испробала и да биде текстописец и пејачка. Бидејќи таа и нејзиниот сопруг долго време живееле во Германија, Наталија е вклучена во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна организација „Фитокидс“ (Phytokids) од 2012 година.

Таа на Виталиј му даваше поддршка на секој натпревар, а со него беше и во 2014 година, кога за прв пат се кандидираше за градоначалник на Киев.