Фото: Приватна архива

„Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста ќе има можност да ги чуе како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. „Оган да го гори“ е песна со потписите на две фолк легенди Војо Стојаноски, како автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го потпишува текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој со огромна одговорност застана пред предизвикот да напише нови аранжмани за сите 12 композиции.

-Гоце Николовски е мојот омилен пејач и од детството имав желба да препеам некоја негова песна, со овој проект оваа моја, дамнешна желба конечно станува реалност. Горд сум што сум дел од „Македонијо во срце те носиме“, горд сум што ја отпеав – вели Ламбе.

Освен Ламбе меѓу изведувачите се и Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ …

Во склоп на проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.