Бред Пит повторно се појави на трките на „Формула 1“, токму таму каде што почна да го снима својот филм за возач на „Формула 1“. Во меѓувреме, продуцентската куќа објави дека филмот ќе се вика „Ф1“ и дека ќе почне да се прикажува во кината од 25 јуни следната година. Седумкратниот шампион во „Формула 1“, Луис Хамилтон, е копродуцент на проектот. Во филмот, Бред Пит глуми поранешен возач што се враќа во „Формула 1“ заедно со колега дебитант, кој го глуми актерот Демсон Идрис.
Филмот е во режија на Џозеф Косински, познат по филмот „Топ ган: Маверик“. Новиот филм на Бред Пит и официјално е прогласен за најскап на сите времиња, со оглед на тоа што првичниот буџет од 300 милиони долари беше значително надминат. Покрај Бред Пит, дел од актерската екипа се и Кери Кондон, Хавиер Бардем и Тобијас Менцис.
За да ги покрие непланираните трошоци, филмот треба да заработи повеќе од 750 милиони долари на киноблагајните низ светот, што не е лесна задача дури и за блокбастер полн со ѕвезди.