Понекогаш луѓето се наоѓаат во ситуација кога едноставно не можат да направат нешто, па го одложуваат. Обично тогаш овие лица ги нарекуваме мрзливи, но вистинската причина се крие на друго место.
Недостигот од мотивација често се смета за главна причина за мрзливост, но тоа не е точно. Ако некогаш сте се нашле во нешто што изгледа како бесконечен циклус на одолжување, вина и хаос, можеби сте се запрашале зошто ви се случува тоа.
Сепак, според клиничкиот психолог од Лос Анџелес, Џени Јип, мрзливоста обично не е причина за одложување. Таа ја објаснува мрзливоста како апсолутно избегнување какви било обврски до таа мера што не сакате ни да помислите на тоа, додека одолжувањето е нешто што ве мачи и за кое ќе размислувате.
Одложувањето може да има последици, како што е заостанување на работа или неостварување лични цели. Постојат и емоционални влијанија. Тие се поврзани со депресија, анксиозност и стрес, лош сон, несоодветна физичка активност, осаменост и економски тешкотии.
Затоа, важно е да откриете зошто одолжувате и да научите како да се борите против тоа, бидејќи само на тој начин може да го промените вашето однесување. Промената не е лесна. Исто како и работата на анксиозност или други проблеми со менталното здравје, справувањето со одложувањето може да биде тешко, особено ако доаѓа од длабоко вкоренети проблеми.