Пред големиот скопски концерт на групата „Меморија“, кој ќе се одржи на 16. ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде според најавите, повторно ќе ги слушнеме најголемите хитови, но и понови песни, групата го издаде и третиот сингл, како дел од материјалот кој ќе снајде на албум, што е во подготовка.
По рок-баладата „За тебе“ и медлито со патриотски рефрени кое се појави под името „Македонски бисери“, новото парче музика има исто така патриотска содржина, но за разлика од обработките, е целосно ново авторско дело.
Песна е насловена „Мој народе“ , музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а снимена е во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски.Тој,заедно со Давор Јордановски е и продуцент на ова музичко парче, а извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.