Мислењата се поделени по претставувањето на кандидатите

Саботното претставување на шесте селектирани песни кои ќе се натпреваруваат на националниот избор за македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ предизвика поделени мислења во македонската јавност, судејќи според коментарите на социјалните мрежи.

Кој е вашиот фаворит за македонски претставник на Евровизија?

Во дел од коментарите имаше поддршка и пофалби за песните, но истовремено во голем број на мислења бeше изразено незадоволство поради најразлични причини. Ова претставува слична ситуација како и изминатите години кога станува збор за македонското учество на музичкото натпреварување. Можат да се забележат комплименти и навреди, определба за одредени кандидати и препирки, а дел од „поплаките“ се однесуваат и на тоа што сите кандидати пејат на англиски.

 

 

Шесте македонски кандидати за „Евровизија“ се Калина Велковска – Кали со „Love and Light“, Јон Ајдини – Јон Ајди со „Dreams”, Лара Иванова со „Flower of Sorrow”, Виктор Апостоловски со „Superman“, Андреа Коевска со „Circles” и Борис Цветановски – Рис Флауер со „Flying to Berlin”.

Онлајн-гласањето почна завчера, а ќе трае до 4 февруари. Победникот ќе се бира според онлајн изборот и гласовите на меѓународното стручно жири, во сооднос 50-50 проценти.

Годинашниот избор ќе се одржи во Торино, Италија, во мај. Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 12 мај.