Градината „Јушиен“ во јапонскиот град Изумо, кој е познат како царство на боговите или земја на митовите, привлекува голем број туристи секоја година. Разнобојните сезонски цвеќиња што пливаат на површината на езерото создаваат впечаток како да чекорите по патеките на рајот.
Посетителите тврдат дека таму е најубаво да се оди напролет, во мај, кога во водата цветаат јапонските божури, или во октомври, кога можете да ги видите прекрасните далии.
Цената на влезницата во зависност од сезоната се движи од 6 до 9 евра.
Според шинтоистичките митови, со јапонските острови некогаш управувал градот Изумо, а оваа провинција е создадена во чест на Окининуши, кој се смета за творец на Јапонија и за бог чувар и бог на среќата, како и за бог што воспоставува добри односи.
Островот Диакон, каде што се наоѓа оваа градина, глобално е познат како подрачје каде што расте корејскиот женшен. Таму на туристите им се дава бесплатно да пробаат чај од оваа билка, за која се верува дека го продолжува животот.