Српскиот режисер Емир Кустурица се подготвува да снима филм во филмскиот комплекс „Москино“ во Москва.
– Замислете, нашиот кинопарк „Москино“, и во фаза на активно градење, изгледа толку ветувачки што светски познат режисер веќе се подготвува да ги снима своите идни филмови овде – се истакнува во најавата на комплексот „Москино“.
Кустурица ги посети работите на изградбата на филмскиот комплекс велејќи дека особено му се допаѓа изгледот на аеродромот и на железничката станица.
Одлуката за изградба на „Москино“ ја донесе градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во август 2019 година.
Кустурица е во посета на Москва, каде што изјави дека планира да направи руски триптих од три филма според делата на писателите Фјодор Достоевски, Николај Гогољ и Лав Толстој.