Носењето погрешна долна облека може да доведе до сериозни здравствени проблеми, а експертите ги прогласија гаќите направени од памук за најдобри. Општо е познато дека памучната долна облека е најдобар избор за здравјето на интимните места. Многу луѓе сепак избираат да го игнорираат овој совет заради модата и избираат долна облека од сатен или од тантела.
Сепак, три земји, Русија, Белорусија и Казахстан, практично ги забранија гаќите од тантела во 2014 година. Тие влади сметаат дека таквата долна облека без памучна облога е нехигиенска и опасна по здравјето. По овие забрани избувнаа протести бидејќи жените бараа право сами да си ги изберат гаќите.
– Памучната долна облека често е најудобната опција, но има и некои здравствени придобивки од нејзиното носење – изјави д-р Џенифер Енглер, урогинеколог и коавтор на „Што се случува таму долу?“
Како што вели, памукот се смета за златен стандард на гаќите кога станува збор за апсорпција на влага и одржување на областа чиста и свежа.
– Причината зошто толку многу лекари препорачуваат памучни гаќи е затоа што памукот е многу мек, впива и е материјал што дише. Синтетичките материјали како спандекс и најлон можат да ги заробат влагата и топлината. Создаваат идеална средина за раст на бактерии и габи и предизвикуваат разни инфекции – изјави д-р Викторија Скот, урогинеколог.
Таа додава дека луѓето со одредени здравствени проблеми најчесто треба да носат памучна долна облека.
– Доколку сте склони кон габични инфекции, бактериска вагиноза или инфекции на уринарниот тракт, гаќите со памучни влошки можат да го намалат ризикот од нивен развој – вели докторката.
Таа додава дека за жените што имаат сувост на вагината што може да предизвика болка, памучните гаќи може да им помогнат да се чувствуваат подобро и поудобно.
– Прекумерниот раст на габите може да предизвика непријатни габични инфекции. Кога бактериите ќе почнат да растат во таа област, тоа може да доведе до нерамнотежа на здрави бактерии и да предизвика бактериска вагиноза (БВ), што доведува до непријатен исцедок, а сето тоа може да се третира со антибиотици – вели гинекологот д-р Ерика Монтес.
И покрај ризиците, Скот вели дека носењето гаќи од други материјали секако не е опасно за повеќето луѓе. Бидејќи балансот на вагиналните бактерии е различен за сите жени, многумина можат да носат долна облека што не е памучна без никакви негативни ефекти. Д-р Кристени Гревс истакнува дека тантелната долна облека има свои предности за некои луѓе и дека добрите гаќи можат да бидат меки и удобни. Монтес ги охрабрува своите пациенти да размислуваат за носење на вистинскиот тип долна облека за сезоната и пригодата. Тантелните гаќи можеби се добри во студената зима, но можат да почнат да предизвикуваат проблеми во летните жештини кога потењето е почеста појава. Гревс објасни дека носењето тантелна долна облека во посебни пригоди можеби е добро, но за време на нормален ден или додека вежбате, можеби не сакате да ризикувате да ги иритирате вашите женски делови.
Скот, исто така, им препорачува на луѓето склони кон инфекции или непријатност да ја перат долната облека со детергент без мирис и да избегнуваат омекнувачи. Големината на гаќите е исто така важна бидејќи тие можат да го зголемат ризикот од инфекции и иритации доколку се премногу тесни.
Според д-р Скот, некои луѓе ќе продолжат да развиваат вагинални инфекции или иритација дури и откако ќе носат памучни гаќички, им препорачува да пробаат гаќи од 100 отсто памук.