Песната „Dance Monkey“ на австралиската поп-звезда Тонс енд Ај е најпребаруваната песна на апликацијата Шазам на сите времиња, објави Би-би-си.
Повеќе од 200 милиони луѓе месечно ја користат апликацијата Шазам за да идентификуваат песни што ги слушнале, а не ги знаат имињата.

„Dance Monkey“ била пребарувана 36,6 милиони пати, соопшти компанијата.

– Немав публика кога ја објавив Dance Monkey, но [Shazam] ми даде можност да стигнам до повеќе луѓе и да ја подигнам мојата фан-база, што доведе до создавање кариера за мене – рече Тонс енд Ај.

„Dance Monkey“ помина 11 недели на местото број еден во Велика Британија на крајот на минатата година и се најде на првото место на топ-листите во 29 други земји.

Второто место го освои хитот на Лили Вуд анд Прик од 2014 година – „Prayer In C“.
На трето место е песната „Let her go“ на „Пасинџер“.

Топ-20 листа на најпребарувани песни на Шазам на сите времиња: