Комичарот и актер Трејси Морган (50) во вторникот купил нов автомобил, „бугати вејрон гранд спорт“, а 15 минути подоцна тој учествувал во сообраќајна несреќа, објави ТМЗ.

Трејси возел низ Менхетен кога на семафор се судрил со „хонда ЦР-В“. По несреќата, Морган излегол од автомобилот и започнал да ја удира „хондата“.

„Излегувај од автомобилот“, ѝ викал актерот на возачката, а потоа нагласил дека „бугатито“ само што го купил и го платил 2 милиони долари.

Додека девојката се оправдувала дека Трејси удрил во неа, сведокот тврди дека ситуацијата е обратна. Морган потоа контактирал со пријателите преку социјални мрежи и објаснил дека е сосема во ред, но не е сигурен за неговиот нов автомобил.