По успешното издание на фестивалот на отворено „Крушево низ корија – петта епизода“, со вечерни забави и две велосипедски тури, кој се одржа минатиот викенд, до крајот на месецов ќе се одржат ФИС ролер ски-купот „Тоше Проески“ и ридско-брзинските автомобилски трки.

Вчера се одржаа квалификациите за ФИС ролер ски-купот „Тоше Проески“ и официјалната трка, која почна во 10 часот. Свеченото отворање беше во спомен-куќата „Тодор Проески“, во 18 часот.

Денеска и утре ќе се одржат уште две трки, со почеток во 9 часот наутро, на патот Кривогаштани – Крушево. Настанот е организиран од Скијачката федерација и Олимпик ски-клубот од Крушево, со поддршка на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, општината Крушево и општината Кривогаштани. Освен од нашата земја, има учесници од: Бугарија, Србија и од Босна и Херцеговина, а олимпиецот Ставре Јада е еден од фаворитите.

На 31 август и 1 септември ќе се одржат ридско-брзинските автомобилски трки на патот од селото Острилци до Мечкин Камен. Квалификациите ќе се одржат в сабота, од 9 часот, додека двете официјални трки наредниот ден, недела, со почеток во истото време.