Астрономите ја потврдија староста на галаксијата ГН-з11, сместена во соѕвездието Голема Мечка (Урса Мајор), како и нејзината оддалеченост од Земјата. Според нивните процени, оваа умерено масивна галаксија постои од времето кога универзумот бил стар само 420 милиони години, што е три проценти од сегашната старост.
– На основа на претходните истражувања, се чини дека ГН-з11 е најоддалечената досега откриена галаксија од Земјата – вели Нобурни Касикава, коавтор на студијата од Одделението за астрономија при Универзитетот во Токио.
За да се одредат параметрите на галаксијата, Касикава и неговите колеги го измериле и црвеното поместување на ГН-з11.
– Одредени хемиски потписи, наречени емисиони линии, праќаат различни модели во светлината на далечните објекти. Со мерење на овие потписи, можеме да заклучиме колку далеку треба да помине светлината, давајќи го на тој начин растојанието до целната галаксија. Особено ја набљудувавме ултравиолетовата светлина, бидејќи тоа е област на електромагнетниот спектар во која требаше да се најдат хемиските потписи на црвеното поместување – објаснува Касикава.

Вселенскиот телескоп „Хабл“ неколкупати го открил потписот во спектарот на ГН-з11, но ни овој инструмент не може да ги реши УВ-линиите до потребниот степен.
– Мосфајр детално ги сними емисионите линии на ГН-з11, овозможувајќи ни да направиме многу попрецизни процени за оддалеченоста, што не беше можно досега на основа на претходните податоци – велат авторите на студијата.
Претходно најоддалечена галаксија беше МАЦС0647-ЈД од соѕвездието Жирафа, исто така настаната 420 милиони години по Големата експлозија, но за 100 милиони светлосни години поблиску до Земјата отколку ГН-з11.