На нашите простори конечно започна со работа иновативната платформа наречена „Фит Гуру“ (FitGuru). Станува збор за решение какво што досега немало на македонскиот пазар, со кое корисниците ќе можат да нарачуваат здрава и вкусна храна на месечно или неделно ниво и да им биде доставена свежа во точно определени часови од денот. Во исто време, менијата се персонализирани и соодветствуваат со нутритивните и фитнес цели кои корисниците ги имаат поставено.

– Со „Фит Гуру“ се отвораат многу нови можности за исхрана за сите оние кои вежбаат или сакаат да почнат да вежбаат. Посветено работевме да овозможиме персонализирани неделни и месечни планови за исхрана и вежбање, индивидуално подготвени за секој клиент. Дополнително, храната ја доставуваме до дома за целосно поедноставување на секојдневието – вели Андреј Евтимов, продукт-менаџер на „Фит Гуру“.

Во моментов на „Фит Гуру“ се достапни три различни типови на менија за корисници кои веќе знаат кој е најдобар тип на исхрана за нив (кето мени, ниско-калорично мени и мени за градење на мускулна маса). А за оние оние не се сигурни како да го започнат своето „фитнес-патување”, подготвен е прашалник преку кој добиваат персонализирана исхрана според нивните параметри на телото и целите кои си ги имаат поставено.

Водич низ програмите и менијата на „Фит Гуру“ е Дејан Пауновски, професионален бодибилдер и долгогодишен личен тренер во Скопје. Тој тврди дека персонализираната исхрана базирана на точно определени цели, во комбинација со правилен тренинг, на долг рок носи вистински резултати.

– Бенефитите од здравата и регулирана исхрана се огромни, поголеми од што првично можеме да замислиме. Важноста од правилна исхрана има и директен и индиректен ефект врз нашето генерално здравје, имунитет, дигестивен систем, физичка состојба, а потоа секако и врз нашиот изглед – вели Пауновски, кој дополнително потенцира дека залудна би била секоја тренинг програма доколку не е проследена со избалансирана и истемпирана храна, која е соодветна со барањата и потребите на телото.

Според преходни искуства и долгогодишна работа во фитнесот, кето диетата, нискокалоричната диета и диетата за градење на мускулна маса беа одбрани како најоптимални комбинации на храна за корисниците.

Кето-диетата (мени) е една од најпопуларните диети на глобално ниво, за постинување на резултати на долг рок. Се базира на внесување на храна со високи вредности на масонтии и ниски вредности на јаглехидрати, за телото да ја постигне состојбата наречена кетоза.

Ниско-калоричната диета (мени) е сочинета од оброци со ниска калорична вредност, и кои можат да ти помогнат во слабеењето, и за намалување на процентот на масти во твоето тело. Во прилог неколку оброци од оваа диета, која го комбинира зеленчукот со месото и рибата за постигнување на посакуваните резултати.

Диетата (менито) за зголемување на мускулна маса е наменето за оние кои активно се занимаваат со фитнес, или пак имаат за цел да започнат да се занимаваат од одреден тип на активности во комбинација со оптимална исхрана.

– Мисијата на „Фит Гуру“ е да стане суптилен, но важен дел од секојдневието на корисниците, и преку своите услуги, брзина и квалитет да биде сервис кој оние кои вежбаат со задоволство ќе го препорачуваат на секој. Сакаме да имаме „жива” платформа која константно ќе се подобрува, ќе се додаваат нови функционалности по фидбекот од корисниците. Уште од сега можеме да најавиме уште еден дел од платформата фокусиран на фитнесот кој ќе биде достапен во следниот период – констатира Евтимов, и додава дека „Фит Гуру“ e платформа создадена од перспектива на корисниците, за најлесно и најинтуитивно корисничко искуство.