Момент од минатогодишната манифестација

Рочиштето за случајот „Нема правда, нема пара, ама има Бубамара“ е закажано за четврток 27. февруари во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ете вака, во својот препознатлив стил од Штабот на популрната манифестација, која годинава ќе се одржи по 23. пат ја најавуваат „Златна Бубамара на популарноста 2020“.

Велат дека овојпат се обраќаат до преживеаните граѓани и доживотни политичари, на кои им препорачуваат да дојдат со нивните скапи ташни, да пуштата срце и да раситнат некоја стотка.

– Имате милион и пол  причини да дојдете и заедно да уживаме со најголемите  музички, спортски, филмски, театарски и медиумски звезди – порачуваат организаторите.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од наредната недела,преку www.mktickets.mk и на уште едно продажно место за кое ќе има точна информација наредната недела.