Со помош на новата технологија, по 33 години, научниците добија можност да ѕирнат и во петтиот реактор на нуклеарната централа. Разорната експлозија што се случи во 1986 година во реакторот 4 на чернобилската електроцентрала и предизвика нуклеарна катастрофа, и натаму е предмет на испитувања.
Иако во Пријат и во Чернобил денес можат да отидат и туристи, постојат некои делови што сѐ уште се недоволно проучени. До скоро една од мистериите беше и реакторот 5, кој во моментот на експлозијата беше во завршна фаза на изградба. Бидејќи се напаѓа во ризична зона, научниците не беа сигурни дали во неговите базени се наоѓаат шипки со осиромашен ураниум. Со помош на новата технологија, по 33 години, научниците добија можност да ѕирнат и во петтиот реактор на нуклеарната централа.
Специјално дизајнираниот дрон „елиос 2“, на компанијата „Флајабилити“, имаше задача да изврши инспекција на една од најопасните и најнепристапните локации на светот. Мисијата беше особено тешка знаејќи дека дронот треба да прелета над ѕид висок 70 метри, а губењето на сигналот би значело и губење на „елиос 2“. Меѓутоа, летот е изведен успешно, а научниците ги добија посакуваните информации – базенот на реакторот 5 е празен, без нуклеарен отпад.