Меган Маркл сака „да избега од Лос Анџелес“ и да замине за Монтесито, за таму да го прослави својот 39-ти роденден, тврди британскиот таблоид „Сан“. Монтесито е лоцирано надвор од Санта Барбара, а таму живее Опра Винфри, блиска пријателка на Меган.

Војвотката од Сасекс, наводно, се чувствува „изолирана“ во нејзиниот нов дом во Беверли Хилс и има потреба од промена за да го прослави својот роденден на 4 август. 

На списокот на гости се само блиски пријатели и забавата ќе се одржи на отворено, пренесува „ Сан“. Меган ќе бара од сите гости на роденденската забава да направат брз тест за ковид-19.

– Што и да реши да организира за роденденот, Меган кажа дека тоа ќе биде од мал обем и дека не сака да ја сметаат за невнимателна и неодговорна – вели извор близок до Маркл за „Сан“.