Принцот Хари и Меган Маркл го пронајдоа својот дом од соништата во Лос Анџелес со помош на Опра Винфри, пишува британски „Сан“.

Парот никогаш не бил виден во јавноста со актерот Тајлер Пери, но се претпоставува дека го запознале преку нивната блиска пријателка Опра.

Британскиот „Сан“ пишува дека нивниот нов дом во Беверли Хилс е луксузната вила на актерот и комичар Пери, вредна 18 милиони долари.

Вилата е во тоскански стил, со околу 2.300 квадратни метри имот, со осум спални соби,  12 бањи, огромен двор и базен и се наоѓа во елитниот дел од населбата, каде живеат исклучиво познати милионери и големи холивудски sвезди. Хари и Меган ќе имаат тим за обезбедување и најсовремен безбедносен систем.