Ново музичко остварување „Крв да ни се стори“ креирано во соработка на Бранислав Николов („Фолтин“), Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев вечерва е објавено на Јутјуб.
Музиката и текстот се на Бранислав Николов, додека аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев, а во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев и продуцентот Ивица Јанкуловски.
– „Крв да ни се стори“ е танц на две опиени птички од првото срамежливо раскрилување на топлото есенско сонце, до последниот пердушест пад во безумното вечерно винце – напиша Бранислав Николов на Фејсбук.