На официјалната интернет страница на британското кралско семејство, е додадена и биографија посветена на новопечената војвотка од Сасекс, Меган Маркл.

Написот се фокусира на нејзината добротворна и филантропска работа, но за нејзината актерска кариера има само неколку збора.

Имено, во официјалната биографија, читателот може да прочита само дека таа снимила 100 епизоди од серијата „Suits“. Инаку, Маркл се откажа од актерската кариера, за да може са биде со принцот Хари.

Освен улогата во „Suits“, таа глумеше и во 14 филмови.