Снегот што падна на југот на Бразил го зачуди, па дури и го воодушеви локалното население, кое не е навикнато да паѓа снег. Но најниските температури во речиси триесет години и снежните врнежи ги фрлија бразилските земјоделци во очај, чии култури на кафе, шеќер и овошје сега пропаѓаат. Патем, земјоделството е најсилната економска гранка на Бразил. Цените на кафето и шеќерот на берзата веќе се зголемија, што значи дека повисоките цени може да се пренесат на потрошувачите низ светот за да го надоместат недостигот.
Мразовите во Бразил, најголемиот производител и извозник на кафе во светот, веќе резултираа со повисоки цени на кафето во Њујорк, за првпат од 2014 година.
Во регионот Минас Жераис, најбогатиот регион и центар за производство на кафе во Бразил, плантажите за кафе се покриени со кафени дамки предизвикани од замрзнување, што значи дека најлошото студено време во речиси 30 години ќе му наштети на производството на најмалку следните две култури, се согласуваат бразилските агрономи.
Адријано де Резенде, технички координатор во задругата за кафе „Минасул“, процени дека помеѓу 20 и 30 проценти од посевите во регионот биле погодени од невообичаено ниските температури, предизвикувајќи најлоши мразови од 1994 година.
– Беше полошо отколку што замислував – рече Резенде откако леташе низ регионот.
Минас Жераис произведува околу 40 проценти од бразилското кафе арабика, инаку користено од огромните корпорации како „Старбакс“ и „Нестле“.
Се проценува дека секторот за кафе во Минас Жераис ќе загуби од 5 до 6 милијарди реали (971,5 милион -1,17 милијарда долари) поради загубеното производство.
За да се заштити од можни временски непогоди, но и за дополнително зајакнување на земјоделството, заедничката политика на Европската Унија е во процес на реформи со кои се настојува да се поттикне одржливото производство и да се создадат предуслови за подобар одговор на секторот на сегашните и идните предизвици.