Војвотката од Кембриџ објавува книга со фотографии што носи шокантни и лични приказни за време на првиот карантин во Велика Британија. Имено, Кејт Мидлтон почна проект со Националната галерија за портрети минатата година, повикувајќи ги луѓето да достават фотографии што ги направиле за време на првото заклучување минатата година во Велика Британија.
Пристигнати се повеќе од 31.000 фотографии, а комисијата, чија членка е и војвотката од Кембриџ, избра 100 портрети, кои се вклучени во книгата „Холд стил: А портрет оф аур нејшн ин 2020“.
– Преку „Холд стил“ сакав да ја искористам моќта на фотографијата за да создадам траен запис за она што сите го доживеавме – сакав да дојдам до приказната за поединци и да документирам значајни моменти за семејствата и заедниците за време на пандемискиот живот – напиша Кејт во воведот на книгата, која илустрира една година од почетокот на пандемијата на ковид-19 и ќе служи како „постојан запис за она што сите сме го доживеале“.
Книгата „Холд стил“ ќе биде достапна во британските книжарници и преку интернет од 7 мај, точно една година од почетокот на целиот проект, а приходите ќе бидат распределени помеѓу Националната галерија за портрети и британската добротворна организација за ментално здравје „Минд“.