Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во каменолом во близина на Калининград.

Примерокот е откриен на меѓународениот Ден на мирот и поради тоа од Калининградскиот комбинат за килибар одлучиле тој да се вика „Камен на мирот“.

Според експерите станува збор за уникатно парче, кое се проценува дека вреди околу 9.000 долари.