„Калдрма“ е насловот на новата песна на Боби Павловски, која наидува на добар прием и позитивни коментари на социјалните мрежи. Станува збор за емотивна балада, со моќен текст, кој е преточен во одлична видеоприказна, за која кадрите се снимени во Белград.
Инаку, песната е најава за новиот албум, кој е во подготовка, а претходно Боби ќе промовира уште три нови песни, од кои едната ќе биде дует. Автор на музиката и на текстот за „Калдрма“ е Љубинко Танасиќ, аранжманот е дело на Милан Раѓен. Видеото го изработи тимот на „Тропикал лајфисфан“, а режисер е Љуба Радојевиќ.
– Морам да признаам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми беше понудена и не ми е срам јавно да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир плачев – открива Боби.
Тој дополни дека баладите му се омилени, затоа што будат посебна емоција не само кај него туку и кај публиката.