Најдобрите јадења, ресторани и кујни во светот за годинава според „Тејст Атлас“

 

Мексиканската тортилја е најдоброто традиционално јадење
Филипинците ја имаат најдобрата супа
турскиот шиш-кебап е најдоброто јадење од месо
грчкиот полнет домат е најдобраото јадење од зеленчук
Најдобра салата е грчката на лепче

 

Врз основа на оценките од повеќе од сто илјади корисници, туристичкиот водич за традиционална храна „Тејст Атлас“ објави листа на 100 најдобри традиционални јадења, ресторани и кујни во светот за 2021 година.

Мексиканската „Cochinita pibil“ е прогласена за најдобро традиционално јадење со просечна оценка од 4,69. На второ место е бразилската „Picanha“ (4,67), а по него е полскиот специјалитет „Pierogi Ruskie“ (4,66). Итајланското јадење „Massaman Curry“ е на четвртото место, а петтото место го зазема италијанското „Trofie al pesto“.


За најдобар месен производ во светот е прогласен шпанскиот „Jamon Iberico de Belota“, а за најдобар колбас португалскиот „Alheira“. Италијанската „Stracciatella“ оценета е како најдоброто сирење во светот, додека пак романската „Fataesca Negra“ за најдобрата винска сорта во светот.

 

Филипинскиот „Sinigang“ е најдобрата супа во светот, турскиот „Shish Kebab“ е најдоброто јадење со месо во светот, грчката „Yemista“ е најдоброто јадење од зеленчук во светот, додека грчкиот „Dakos“ е најдобрата салата.

За најдобра кујна во светот за 2021 година прогласена е италијанската со просечна оценка од 4,78, а потоа следуваат грчката (4,73) и шпанската (4,58). Четврта е Романија, мексиканската кујна е на петтото, а хрватската на шестото место.

Град со најдобра традиционална храна во светот е Мексико Сити (4,52), следуваат Бангкок, Неапол, Хонгконг и Буенос Аирес.

Годинава за првпат е објавена и листата на 100-те најдобри ресторани и места со традиционална храна во светот

Кафе „Imperial“ во Прага е избрано за најдобар традиционален ресторан во светот. По него следуваат римскиот „Da Enzo al 29“ и „Commander’s Palace “ во Њу Орлеанс.

Најдоброто место со локална храна во светот е тапас барот „Quimet y Quimet“ од Барселона, зад него е турскиот „Hafiz Mustafa“ и бразилската „Confeitaria Colombo“.