Бебешки растенија за поубав дом

Минијатурните растенија се апсолутен хит на интернет во последните неколку месеци, а покрај тоа што се многу убави, тие се идеални и за оние што немаат многу простор во домот а сакаат растенија.
Многумина обожаваат големи растенија, просторија полна со зеленило, се стремат кон создавање мал одржлив екосистем во домот, но не секогаш и не секому му е овозможено тоа. Понекогаш мора да се задоволите и со неколку саксии. Внимавајте да им обезбедите удобен простор на вашите зелени миленичиња и совршено ќе се вклопат во вашиот амбиент со нивната големина и софистицираност.
Кога станува збор за мали растенија, сите се навикнати на сукуленти, кои исто така годинава беа голем фаворит. Но овие мини-растенија дефинитивно се хит сезонава. Бебешките растенија никого не оставија рамнодушен. Мини-бананата, сансеверијата или бегонијата се прекрасно освежување на домот.