Јавноста беше запознаена со првиот увид во филмот „Куќата на Гучи“, во кој глумат Адам Драјвер и Лејди Гага, а снимен е под режисерската палка на Ридли Скот.
Додека во заднината се слуша одличната Блонди со песната „Heart of Glass“, во трејлерот ги гледаме Лејди Гага и Адам Драјвер како Патриција Реџани и Маурицио Гучи. Ова е прв увид во долгонајавуваната реализација, која, меѓу другото, е снимена во Италија. Во филмот играат и Џаред Лето, Ал Пачино и Џереми Ајронс.
Гага ја глуми Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден гигант, првиот човек на брендот „Гучи“, која помина 18 години во затвор, бидејќи ангажира платен убиец за да го убие нејзиниот поранешен сопруг. Таа во затворот го доби прекарот Црна Вдовица, а беше ослободена во 2016 година.
Сценариото за „Куќата на Гучи“ е базирано на книгата на Сара Геј Форден, „Куќата на Гучи: сензационална приказна за убиство, лудост, гламур и алчност“, а е напишано од Роберто Бентивења.
sФилмот за семејството Гучи пристигнува во кината на 24 ноември 2021 година.