Галеријата Уфици во Фиренца направи онлајн достапна виртуелната изложба во чест на 700-годишнината од смртта на италијанскиот поет, писател и филозоф Данте Алигиери. На изложбата ќе бидат прикажани 88 ретко изложувани цртежи од неговата „Божествена комедија“, пренесува „Асошиетед прес“.

Виртуелната изложба на цртежи во висока резолуација се дела од Фредерико Зукари, ренесансниот уметник од 16-ти век.

Данте Алигиери е роден 1265 година во Фиренца, а починал во септември 1321 година во Равена, во северна Италија.

Цртежите го илустрираат ремек делото на Данте, „Божествената комедија“, епската поема во три дела во која се раскажува патувањето на еден поклоник низ пеколот, чистилиштето и рајот.

– Божествената комедија е најзначајното литературно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик. Овие цртежи досега биле изложени јавно само два пати, а достапни беа само за студенти и ученици. Изложбата ќе биде бесплатна, во секој час од денот, за секого – изјавил Ајке Шмит директорот на галеријатаУфици.

Цртежите со молив и мастило се со контрастни нијанси на црна и црвена боја. Тие биле завршени за време на престојот на Зукари во Шпанија од 1586 до 1588 година и во 1738 година станале дел од колекцијата на галеријата Уфици.