Од ковид-19 во болница почина стогодишниот капетан Том Мур, кој собра 33 милиони фунти за борба против коронавирусот за да му помогне на британското здравство. Тој беше хоспитализиран во понеделникот откако се разболе од коронавирус, пренесуваат медиумите.

– Со голема тага објавуваме дека почина нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме многу благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот. Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив засекогаш во нашите срца – објавиле неговите ќерки Хана и Луси.

Портпарол на семејството соопштил дека капетанот Том не ја примил вакцината против ковид-19 поради терапијата што ја примал за пневмонија.