Умереното конзумирање алкохол може да го заштити срцето од болести, но не отстранува какви било ризици од рак, се наведува во ново истражување на Империјал колеџот во Лондон под наслов „Глобалниот товар на болестите“.

Истражувањето опфатило лица на возраст од 15 до 95 години, во 195 земји во светот, од кои една група конзумирале многу алкохол, друга – воопшто не пиеле и трета – во која конзумирале само еден пијалак дневно , во период од 26 години .

Според резултатите од истражувањето, кај лицата од првата група чести се повредите и заболувањата од рак. Една од авторите на трудот, Соња Саксен, смета дека и еден пијалок дневно претставува ризик, а ретко кога луѓето остануваат на само една чашка.

Статистиката говори дека Британците во просек пијат три чашки на ден, а на листата конзументи на алкохол, водат Романците кои пијат по осум пијалоци на ден. Во женска конкуренција, Украинките се на прво место со 4,2 чашки алкохол дневно во просек.