Авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, Ендру Мортон, тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријатели се чуделе како воопшто завршиле во брак.

Во книгата, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, за кралската двојка зборуваат луѓе кои се дружеле со нив пред да се венчаат, и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, наводно, Вилијам ја третирал Кејт како слугинка.

Кога во 2007 година тие на кратко ја прекинаа врската, голем број пријатели помислиле „фала богу се заврши тоа“, тврди Мортон. Вилијам ја држел Кејт на конец и не ја сфаќал сериозно, често ја игнориралво друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

-Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и караници. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка- рекла една пријателка на кралската двојка.