Израелските археолози го срушија митот дека големиот Кинески ѕид бил наменет само за заштита на северните граници на Кинеското Царство за време на владеењето на последователните династии. Според заклучокот на истражувачите, дел од ѕидот бил користен за контрола на трговските патишта и за собирање даноци, пишува Физ.орг.
Експертите првпат ја мапираат северната линија на ѕидот, долга 740 километри, која се наоѓа на територијата на модерна Монголија. Тука, ѕидот поминува низ долината, понизок е и се наоѓа веднаш до патиштата што не биле користени за воени цели. Според научниците, ова укажува дека Кинескиот ѕид исто така го ограничувал движењето на цивилите и добитокот и го олеснувал за собирањето даноци, особено за време на студениот период, кога луѓето ги носеле домашните животни на потопли јужни пасишта.
Северната линија, или Ѕидот на Џингис-хан, е изградена помеѓу 11 и 13 век. Изградбата на самиот Кинески ѕид почнала во третиот век пред нашата ера и траела до 1644 година. Неговата должина е повеќе од 21.000 километри, што го прави најголемиот архитектонски споменик во историјата на човештвото. Неговата ширина е најмалку десет метри, што го отежнува забележувањето од вселената.