„Си-би-ес“ објави неколку видео-клипови од претстојното интервју на Опра со принцот Хари и со Меган Маркл.
Војводата од Сасекс направи паралели помеѓу тоа како ја третирале неговата мајка Дијана и сопругата Меган, во тизер клипови од многу очекуваното телевизиско издание на Опра Винфри.
Во два клипови од 30 секунди кои ги објави „Си-би-ес“ изминатион викенд, Хари проговори за својата мајка и вели дека тој и Меган се повлекле од кралските должности меѓу другото, и поради тоа што се плашел дека историјата може да се повтори, алудирајќи на судбината принцезата Дијана.
Опра ја прашува Меган дали имало „точка на кршење и дали е тивка или замолчена“, но војвотката не зборува во видео клипот.
– Не можам да си замислувам како мораше да помине низ целиот тој процес сама пред толку години, бидејќи беше неверојатно тежок за нас двајцата – но барем се имавме еден со друг – вели Хари при покажувањето на фотографија на која тој е со Дијана.
Хари потоа ѝ вели на Винфри: „Најголема грижа ми беше повторување на историјата.“
Целосното интервју во САД ќе се емитува на 7 март, а допрва треба да биде соопштено кога ќе се прикаже во Велика Британија.
Во интервјуто Меган ќе зборува за бракот, мајчинството, живот како член на кралско семејство и како се справува со интензивниот притисок на јавноста, соопшти „Си-би-ес“.