Кипар и Израел се првите фаворити за победа на утрешното финале на Песна на Евровизија, додека според квотите на обложувалниците, Франција е веднаш зад нив.
Според податоците на интернет страницата eurovisionworld.com. кипарската претставничка Елени Фуреира, има мала предност пред првата генерална проба денеска попладне.
Првата фаворитка во неделите пред првото полуфинале во вторникот, израелската пејачка Нета Барзилаи, во обложувалниците котира како втора, со квота околу 4,5 наспрема еден.
Францускиот дует „Мадам Мсје“ се наоѓа на трето место, а ако победат, оние што се обложиле на нив ќе заработат 10 и 15 евра на секое вложено евро, во зависност од обложувалницата.
Финалето е утре вечер во Лисабон.
Ќе се натпреваруваат 26 финалисти, а победникот ќе го одлучи комбинација на гласови на жирито и гледачите од 43 земји учеснички.