Во зоолошката градина во Сингапур неодамна го прославиле раѓањето на првото лавче добиено со вештачко оплодување. Лавчето Симба се родило од спермата на сега починатиот лав Муфаса.
За жал, малото лавче Симба никогаш нема да може да го запознае својот татко Муфаса, бидејќи лавот морал да биде успиен поради неговата возраст, веднаш по вештачкото оплодување. Симба е единствениот син на Муфаса.
Бидејќи Муфаса никогаш не успеал да се пари поради голема агресивост, зоолошката градина решила да го прошири неговото семејно стебло со помош на модерната медицина.