Европската Унија е подготвена да ѝ плати на Ерменија три милиони евра во замена за откажување од називот „коњак“ при означувањето на нејзините алкохолни производи
Според спогодбата со ЕУ, на Ерменија ѝ се дадени 14 години да се откаже од брендот „коњак“ на локалниот пазар и 25 години за престанување на користењето на називот во странство, пишува агенцијата „Спутник“. Програмата ќе се финансира од буџетот на ЕУ, а контрола над спроведувањето на програмата ќе вршат Министерството за економија на Ерменија и делегациите на Европската Унија во оваа држава. Оваа отстапка на Ерменија треба да ѝ ги зголеми шансите за интеграција со ЕУ, додека експертите оценуваат дека жртвувањето на еден од главните брендови на оваа земја може да ја намали финансиската вредност на пијалакот.
Спогодбата за сеопфатно партнерство меѓу ЕУ и Ерменија е до 2017 г. и предвидува таа да се откаже од употребата на името „коњак“, кое е заштитено со закон.
Обележјето „коњак“ може да го има само пијалакот што се произведува во францускиот регион Шарант, каде што се наоѓа истоимениот град. Ерменската влада веќе ја одобри финансиската спогодба со ЕУ, за што Европската Унија ќе ѝ додели три милиони евра.
– Главен пазар за извоз на коњакот од Ерменија секогаш била Русија и земјите на бившиот Советски Сојуз – изјави за агенцијата „Спутник“ економскиот експерт од Ерменија, Арам Герегињан.
Тој појасни дека според спогодбата меѓу Ерменија и ЕУ, државата треба да ги отстапи називите „ерменски коњак“ и „шампањ“ и веќе да не ги користи.