Новата девојка на Бред Пит е дваесет и седумгодишната Никол Потуралски, германска манекенка со полско потекло. Според многумина, Никол многу наликува на актерката Анџелина Џоли и на супермоделот Ирина Шајк, пренесува магазинот „Пипл“.

Парот е забележан на аеродром во Франција, во близина на замокот Миравал кој Џоли и Пит го купија во 2011 година. И двајцата носат маски за лице, капи и очила за сонце при излегување од приватниот авион.

– Тие се на одмор и уживаат во заедничкото друштво додека патуваат – изјавил извор за „Пипл“.

Никол Потуралски

Никол Потуралски позната како Нико Мери, е убавицата која штотуку се појави на насловната страница на септемвриското германско издание на модниот магазин „ЕЛ“.  Потуралски која зборува пет јазици, веќе ги красеше и страниците на списанијата „Харперс базар“ и „Грација“. Таа живее и работи на релација Берлин-Лос Анџелес.

 

Никол својот приватен живот го држи настрана од социјалните мрежи. Пит има шест деца од претходниот брак со Џоли, додека Потуралски има еден син.